ПОВЕЌЕ

    За компаниите опфатени со „солидарецот“: Утре истекува рокот за поднесување на даночниот биланс

    Време зa читање: 2 минути

    Утре истекува рокот за поднесување на образецот ДБ–ДС, односно на даночниот биланс за данокот за солидарност. Ова е запишано во октомврискиот роковник на Управата за јавни приходи а исполнување на даночните обврски. Или, во тек е реализацијата на активностите кои ќе резултираат со наплата на еднократната давачка заснована на оспоруваниот и неприфатлив за бизнисот, Закон за данок за солидарност.

    Датумот за доставување на образецот се однесува на речиси 200 успешни компании, кои минатата година оствариле приход поголем од 615.000.000 денари или над десет милиони евра, а добивката им е зголемена за 20 проценти во однос на просекот од последните три години.

    По овој првичен чекор, следи плаќањето на даночната обврска, а терминот е до 25 месецов.

    Инаку, роковите за регулирање на поединостите кои произлегуваат од „солидарецот“ се еднаш пролонгирани. Првобитниот термин беше 25 септември, но до одложувањето дојде поради задоцнета објава на законскиот текст во и Правилникот во „Службен весник. Со што компаниите добија дополнителни седум работни дена за да се подготват.

    Познато е, кај деловната заедница Законот е непопуларен. Од Стопанската комора веќе работат во насока на неговото оспорување пред Уставниот суд, затоа што го оценуваат како ретрограден, непринципиелен и се однесува само на одредени компании, пред се, странски инвеститори, кои лесно можат да заминат од државата, токму поради ваквите непредвидливи и неодржливи законски решенија. Воедно, од сите коморски здруженија гласно реагираа дека Законот е погубен и деструктивен за бизнисот, затоа што товарот се удвојува за редовните плаќачи на данок, за сметка на неплаќачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично