За една до две недели ќе се најде решение за платите на функционерите, најави премиерот Димитар Ковачевски. Се бара одржливо решение, кое не треба да ги предизвика уставните судии.
„Бараме решение кое ќе биде одржливо, за да не го укине Уставниот суд. Отворена е дискусија вчера како треба да изгледа, министрите ќе работат во текот на овие денови, за да се постигне усогласување на платата на ниво кое ќе биде поприфатливо и истоврмено одржливо, за во наредните една-две недели да излезат со решение пред Влада, пред да оди во Собрание. Треба да биде прифатливо од правно гледиште, бидејќи досега два пати има паднато на Уставен“, посочи премиерот.
Можноста за кратењето на платите прв вчера ја соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој рече дека парите ќе се пренасочат кон атикризниот пакет што е во фаза на подготовка. И на вчерашната владина седница се дискутирало на таа тема, но ништо конкретно не произлегло поради отсутноста на премиерот кој беше во Тирана.
Со одлука на Уставниот суд платите на избраните функционери се одмрзнаа и се зголемија за 78 проценти. Досега примија една половина (мартовската, бидејќи одлуката беше донесена на 21 март) и шест плати по ново. Станува збор за 1.060 лица, почнувајќи од претседателот на државата, целиот состав од сервисот на граѓаните и од законодавниот дом, чуварите на правдата, градските таковци и мајки…
Оттогаш наваму нема ден без протести и барања за зголемување на платите и пензиите.