ПОВЕЌЕ

    ЗА ЕДНА ГОДИНА ЈА УДВОИ ВРЕДНОСТА: Акцијата на Комерцијална банка посилна за 99,91 процент

    Време зa читање: 2 минути

    Убедливо најтргуваната на Македонска берза и во текот на минатата година е акцијата на Комерцијална банка. Вкупниот промет е во износ од 2.757.710.625 денари. А, во евра – 44,84 милиони.

    Интересот на инвеститорите доведе до удвојување на нејзината вредност. Попрецизно, цената е зголемена за 99,91 процент.

    Акцијата на најуспешната македонска банка на последниот работен ден од 2024 – 30 декември вредела 28.440,34 денари. На 28 декември 2023, пак, е забележана просечна цена од 14.226,83 денари.

    Берзанските податоци покажуваат дека максималното достигнување на акцијата е 29.200 денари, а последната цена во 2024 е 28.301 денар. Притоа, во 8.255 трансакции предмет на купување биле 117.117 акции.

    Оваа акција кон средината на минатиот месец направи уште еден подвиг. Кај пазарната капитализација го пречекори прагот од една милијарда евра. На 16 декември имаше просечна цена е 26.988,32 денари, а сите издадени 2.279.067 акции во тој момент вредеа 1.000.133.163 евра.

    Инвеститорите на берзата, колку и да го прифаќаат ризикот што го носи вложувањето, одат на сигурно кога е во прашање акцијата на Комерцијална банка. И покрај повремените минусни осцилации, се работи за акција позади која стои стабилна банка, која на акционерите им обезбедува солидна дивиденда. Во резултатите што ги постигнува нема конкуренција и ги натфрла рекордите што самата ги поставува. По третото ланско тримесечје и добивката од 72 милиони евра, сега само се претпоставува дали профитот 2024 ќе биде 100 или над 100 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично