ПОВЕЌЕ

    За една година 1,5 проценти повеќе работници во индустријата

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на работниците во индустријата за една година се зголемил за 1,5 проценти, покажуваат мајските податоци на Државниот завод за статистика. Или, како што се наведува индексот во мај 2024, во однос на мај 2023 година, изнесува 101.5.

    Во тој едногодишен период бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен бележи пораст од 4,1%, во секторот преработувачка индустрија од 1,4 % и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 0,6 %.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има годишно зголемување во енергија за 4,0 %, капитални производи за 17,1 % и во трајни производи за широка потрошувачка за 14,6 %.

    Намалување единствено е забележано кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,0 % и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 %.

    Индексот, пак, кој се однесува на бројот на работниците во индустријата за периодот јануари – мај годинава споредено со ланските први пет месеци, е 101.8. Што значи, има зголемување од 1,8 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично