Речиси 4 милијарди евра за девет месеци потрошиле странските туристи кои ја посетиле Албанија до септември годинава. Податоците кои Банката на Албанија покажуваат дека во однос на периодот јануари-септември од пред една година, трошоците на странските туристи се зголемени за 641 милион евра или 20 отсто.
Според неодамна објавениот Барометар на светскиот туризам на Обединетите нации, до крајот на годинава се очекува туризмот во светот комплетно да се опорави од последиците на ковид-пандемијата. Според истиот извештај, Албанија во 2024 имала пораст на туристички посети за дури 77 проценти.
„Сите сме сведоци на приливот на странски туристи кои влегуваат во Албанија“, изјави Блерина Аго, експерт за туризам.
Од јануари до септември земјата ја посетиле вкупно 9,6 милиони странци. Во просек, секој турист потрошил помалку од 400 евра, вклучувајќи патување и сместување.
„Албанија не треба да се фокусира на бројки. Соодносот што го сакаме е тој на трошоците. Ни требаат туристи кои трошат. Има многу студии кои покажуваат дека има категории на туристи кои трошат до 58 отсто од својот приход на одмор. Ни требаат овие туристи “, изјави експертот.
Примамливата басна „одмор со мали трошоци во Албанија“ ја прифаќа и Полјакот Јан, кој е дојден на одмор во Тирана.
„Доаѓањето во Албанија е повеќе куриозитет. Најдовме евтини карти и помисливме да дојдеме. Исто така, цените на куќите за изнајмување се ниски. Доволни ни се околу 40 евра дневно. Дури и храната не е многу скапа. Ние не одиме во ресторани затоа што чини премногу“, вели полски турист.
На сличен начин како и трошоците за странските туристи, отидоа и оние на туристите Албанци кои повеќе сакаа да ги поминуваат слободните денови од работа. Податоците на Централната банка покажуваат дека Албанците од почетокот на годинава до септември потрошиле над 2 милијарди евра за одмор во странство. Во однос на периодот јануари-септември претходната година, цифрата е зголемена за 326 милиони евра или 19,1 отсто.
„Албанците се расположени летувачи како што се трошачи. Тие не штедат како некои туристи кои доаѓаат во Албанија“, рече Рахман Каса, шеф на албанскиот туристички сојуз.
Сепак, податоците на Банката на Албанија покажуваат дека Албанецот кој оди на одмор во странство во просек троши 349 евра. Оваа бројка е за околу 50 евра помалку од она што во просек го трошат странските туристи кога доаѓаат во Албанија, пишува весникот Телеграф.