ПОВЕЌЕ

    За акционерите на Прилепска пиварница дивиденда од 1.111 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на Прилепска пиварница ќе добијат дивиденда пресметана по 1.111 денари за акција, што е бруто износ. Вкупната сума што ќе биде поделена е 43.893.388 денари, односно 712,3 илјади евра.

    Одлуките се потврдени на одржаното акционерско Собрание.

    Притоа, одредено е дека последен ден за тргување со право на дивиденда е 10 јуни. Два дена подоцна, на 12 јуни, ќе се направи пресек на акционерската книга и ќе се утврди листата на акционери на кои ќе им се исплати дивиденда.

    Прлепската пиварница ја заврши минатата деловна година со добивка од 122.133.060 денари (близу два милиони евра). Освен парите издвоени за дивиденда, поголемиот дел од остварениот профит – 78.239.672 денари (1,27 милиони евра) е наменет за реинвестирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично