ПОВЕЌЕ

    За акционерите на Алкалоид – дивиденда од 16,7 милиони евра, исплатата ќе почне на 13 мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    За успешно завршената деловна година, акционерите на Алкалоид ќе поделат дивиденда од 1,03 милијарди денари или над 16,7 милиони евра. На акционерското Собрание е потврдена одлуката пресметката да се врши по 648 денари нето, односно 720 денари бруто за една акција.

    Исплатата на средствата ќе започне од 13 мај. Според дивидендниот календар, последен датум на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 14 април, а првиот ден на тргување без тоа право е 15 април. Датум на стекнување на право на дивиденда е 16 април.

    Во споредба со претходната исплата – на дивидендата за 2024 година, има зголемување од 14,3 насто.

    Од остварената минатогодишна добивка во износ од 1,98 милијарди денари (над 32,2 милиони евра), за инвестиции се одвоени 953,6 милиони денари (15,5 милиони евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично