Најголемиот дистрибутер на горива на акционерите ќе им подели дивиденда од 374.232.800 денари или повеќе од шест милиони евра. Пресметките ќе се прават врз единечна бруто цена за акција по 3.700 денари.
Парите ќе им бидат исплатени на сите оние, чии имиња ќе бидат запишани во акционерската книга на 18 јуни, кога ќе се нарави пресек. Последниот ден на тргување со право на дивиденда е 14 јуни.
Средствата за дивиденда се двојат од износ кој е збир од ланската и од досега акумулираната добивка. Пари се распределуваат за повеќе намени. „Макпетрол“ располага со вкупна сума од 2.446.605.566 денари, односно 39,75 милиони евра. Или, 12,5 милиони евра од 2023 и 27,2 милиони евра од претходните години.
Во рамките на поделбата, освен за дивиденда има и за исплата на вработените, за што се предвидени 120.000.000 денари (1,95 милиони евра). За членовите на Управниот одбор – 34.000.000 денари (552,5 илјади евра), а за раководните лица 5.775.000 денари (98,3 илјади евра).
За инвестиции се издвоени 4,87 милиони евра. Во ставката пренос на добивката во наредната година е запишана сума од 1.274.061.952 денари (20,7 милиони евра).