Списокот на најплатените ѕвезди на YouTube, објавен од „Форбс“, ни дава дел од одговорот на тоа прашање.
Трета година по ред момчето Рајан Каџи заработи најмногу на YouTube.
Деветгодишното момче се стекна со слава презентирајќи нови играчки, а од јуни 2019 година до истиот месец во 2020 година заработи, скоро 30 милиони долари, според проценките на „Форбс.“
Денес, момчето има и низа свои играчки, ранчови, пасти за заби, кои минатата година беа продадени во онлајн продавници во вредност од 200 милиони долари.
Тој исто така сними серија за Никелодеон, позната како Ryan’s Mystery Playdate.
Меѓу првите 10 кои заработуваат најмногу и создаваат видео содржини за деца се шестгодишното девојче Настја (Анастасија Раџинска) како и забавувачот и едукатор Блипи.
Според тоа, на врвот на листата е Рајан Каџи со заработка од 29,5 милиони долари и 12,2 милијарди прегледи на ЈуТјуб, како и 41,7 милиони претплатници.
На второ место е Beвер (Џими Доналдсон) со заработка од 24 милиони долари, 3 милијарди прегледи и 47,8 милиони претплатници.
Третото место му припаѓа на Dude Perfect со 23 милиони долари, 2,77 милијарди прегледи и 57,5 милиони претплатници.
На четвртото место се Рет и Линк со заработени 20 милиони, 1,9 милијарди прегледи и 41,8 милиони претплатници.
Петтото место го зазема Маркиплиер (Марк Фишбах) со заработка од 19,5 милиони долари со 3,1 милијарди прегледи и 27,8 милиони претплатници.
Шесто е Престон, со 19 милиони долари приходи, 3,3 милијарди прегледи и 33,4 милиони претплатници.
На седмото место е Настја (Анастасија Раџинска) со заработка од 18,5 милиони долари, 39 милијарди прегледи и 190,6 милиони претплатници.
Осми е Блипи (Стевин Џон) со заработени 17 милиони долари, 8,2 милијарди прегледи и 27,4 милиони претплатници.
Дејвид Добрик го држи деветтото место на списокот „Форбс“ со заработка од 15,5 милиони долари, со 2,7 милијарди прегледи и 18 милиони претплатници.
И конечно, списокот со 10-те најплатени јутјубери го заклучува Џефри Стар, кој заработи 15 милиони долари во 2020 година, 600 милиони прегледи и 16,9 милиони претплатници.