ПОВЕЌЕ

    ВФП Дивиденда – Нов отворен инвестициски фонд на пазарот во Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    ВФП Дивденда – е нов отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-117 од 29.12.2020 година.

    ВФП Дивиденда е вистинскиот фонд за Вас доколку сакате да остварите атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, ЕУ и Велика Британија, стои на ВФП страната.

    ВФП Дивиденда е првиот отворен инвестициски фонд во Македонија кој ќе исплаќа дел од добивката како дивиденда на инвеститорите во фондот. Преку инвестирање во ВФП Дивиденда може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на:

    • Континуираниот развој и иновативност на светски брзорастечки корпорации кои ја дефинираат иднината и „Dividend stocks“ компании кои исплаќаат високи дивиденди и кои ѝво периоди на намалена економска активност остваруваат позитивни резултати од работењето;
    • Остварување на приходи од исплата на дивиденда од фондот;
    • Професионалното управување на средствата на фондот;
    • Можноста да го намалите пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;
    • Можноста да станат индиректни акционери во странски познати компании;
    • Атрактивен принос со умерен ризик;
    • Автоматското реинвестирање на добивката;
    • Намалените трошоци за управување со средствата;
    • Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти;
    • Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент;
    • Експертизата и имиџот кој го има изградено Друштвото за управување;

    За кого е наменет?

    Од ВФП велат, совршен е за:

    • инвеститори кои кога инвестираат сакаат годишно да го почувствуваат бенефитот од тоа да се биде инвеститор преку добивање на дивиденда од направената инвестиција
    • инвеститори кои сакаат да имаат дополнителен извор на пасивни приливи
    • инвеститори кои имаат инвестициски период над 10 години,
    • инвеститори кои се спремни да преземат средно до повисоко ниво на ризик.

    Ниво на Ризик?

    Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Дивиденда содржи високо ниво на ризик, коj е повисок од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои исклучиво инвестираат во акции од mid-cap, small- cap или start up компании. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично