Ниско буџетната унгарска авио-компанија „Визер“ во текот на зимскиот период привремено ќе откаже 36 линии во земјите од регионот.
„Од аеродромот во Тузла ќе бидат прекинати дури осум линии, а „Визер“ ја откажа својата единствена линија кон Словенија“, објави синоќа порталот Klix.
Последниот лет годинава меѓу белгискиот град Шарлороа и Љубљана е закажан за 24 октомври, а летовите се очекува да бидат повторно воспоставени во март следната година.
Претходно, „Визер“ откажа четири линии од аеродромот „Тузла“, а сега откажува уште четири линии до Берлин, Келн, Баден и Ваџо.
Овие летови треба да бидат повторно активирани во март 2021 година. Унгарската компанија исто така привремено го прекина летот од Сараево до Будимпешта, но тој треба да биде воспоставен на 2 октомври.