ПОВЕЌЕ

    WIZZ AIR најави 10% попуст на 6 јули

    Време зa читање: 3 минути

    Wizz Air, најбрзо растечката и најеколошки одржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво, најавува попуст од 10%* на избрани летови во својата мрежа. Билетите се достапни само денес, 6 јули, за патниците на WIZZ кои сакаат да патуваат на или пред 30 септември 2023 година.

     Wizz Air нуди широк спектар на рути по ниски цени до најатрактивните дестинации во Европа, како што др од Скопје до Maлта, Бoлоња, Базел-Мулхаус или шведските градови Стокхолм и Векше. Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација. Подарете си себеси, на вашето семејство или пријателите изненадување и полетајте на топло место, повторно посетете го вашиот омилен град или започнете нова авантура!

    Со својот 6-ти авион што ќе биде доделен на базата во Скопје до крајот на 2023 година, Wizz Air ќе понуди зголемени фреквенции на постоечките линии и ќе започне со работа на две нови дестинации од главниот град на Северна Македонија. Патниците ќе можат да патуваат за Љубљана од 27 септември, два пати неделно и три неделни лета од 31 октомври, а за Луксембург од 18 декември, со три неделни лета.

    За Wizz Air      

    Wizz Air, најбрзо растечката европска ултра нискобуџетна авиокомпанија, управува со флота од 184 авиони Ербас А320 и А321. Тим од посветени воздухопловни професионалци обезбедува супериорна услуга и многу ниски цени, што го прави Wizz Air претпочитан избор од 51,1 милиони патници во финансиската година F23 што завршува на 31 март 2023 година. Wizz Air е котирана на Лондонската берза под ознаката WIZZ. Компанијата неодамна беше прогласена за една од првите десет најбезбедни авиокомпании во светот од airlineratings.com, единствената агенција за рејтинг за безбедност и производи во светот, и авиокомпанија на годината од Air Transport World во 2020 година, како и авиокомпанија на годината според Air Transport Awards во 2019 и 2023 година. Wizz Air е исто така признат како „Најодржлива нискобуџетна авиокомпанија“ во рамките на World Finance Sustainability Awards 2022 и „Global Environmental Sustainability Airline Group of the Year“ од страна на CAPACentre for Aviation Awards for Excellence 2022 година.

    Оваа промоција се применува на 6 јули 2023 година од 00:00 до 23:59 CEST („Промотивен период“). Попустот од 10% се однесува на билетот, без административна такса. Попуст од 10% важи само за избраните летови достапни на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ за време на промотивниот период. Периодот на патување е ограничен, патувањата мора да завршат до 30 септември 2023 година. Промоцијата важи само за резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација WIZZ. Промоцијата не важи за групни резервации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично