ПОВЕЌЕ

    „Wirecard“ во Велика Британија го потврди планот за продажба на „Railsbank“

    Време зa читање: 2 минути

    „Wirecard Card Solutions“, американската единица на загрозената германска компанија за плаќања „Wirecard“, најави дека ќе продаде некои средства на британската компанија за финансиска технологија  „Railsbank“, која претставува уникатна глобална платформа за отворено банкарство.

    Компанијата соопшти дека ќе се состане за да се претстави предлогот во кој се наведени условите за продажба на нејзината технологија за картички и поврзаните средствата во Велика Британија, како и транзицијата на своите клиенти и вработени во „Railsbank“. Целта е да се заврши преселбата на клиентите на „Wirecard Card Solutions“ во „Railsbank“ до ноември.

    Нашата надеж е дека нашите програмски менаџери ќе го поддржат нашиот предлог и ќе можеме да напредуваме на позитивен начин за сите страни. Би сакал да им се заблагодарам на нашите клиенти за нивната постојана поддршка, како и на Mastercard и Visa за помошта во правец на оваа транзиција што поскоро“, рече Том Ененингс, управен директор на „Wirecard Card Solutions“.

    „Wirecard“ со седиште во Минхен, поднесе барање за несолвентност во јуни, означувајќи драматичен пад за компанија која некогаш беше почитувана како една од најжешките технолошки бизниси во Германија. Постапката беше покрената по сметководствениот скандал кој достигна кулминација кога Wirecard призна дека 1,9 милијарди евра (2,3 милијарди американски долари) недостасуваат во билансот на состојба.

    Поранешните директори на „Wirecard“, како и долгогодишниот извршен директор Маркус Браун, се уапсени под сомнение за организирање трговска измама од 3,2 милијарди евра. Обвинителството во Минхен, исто така, го испитува „Wirecard“ за сомневање за перење пари.

    Веста за продажбата на средства на „Wirecard“ во Велика Британија доаѓа откако на илјадници британски потрошувачи им беа привремено блокирани сметките со апликации за банкарство преку Интернет, кои се потпираа на „Wirecard“ за обработка на плаќања. Бурната епизода беше резултат на привременото стопирање на работењето на „Wirecard“ спроведено од страна на Органот за финансиско управување, надзорна организација за финансиски услуги на Велика Британија. Регулаторот рече дека презел такви активности за да се ги заштити  средствата на клиентите.

    „Railsbank“, фирмата што ги купува операциите на „Wirecard“ во САД, продава банкарски софтвер на клиенти кои ја користат нејзината технологија за да развиваат свои производи за дигитални финансиски услуги. Компанијата е основана во 2016 година и е поддржана од гигантот за плаќања „Visa“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично