ПОВЕЌЕ

    Како банкротот на Wirecard ќе се одрази на Payoneer и македонците кои користат Payoneer картички?

    Време зa читање: 2 минути

    Payoneer привремено ги замрзнува сите активности поврзани со нивните картички, бидејки тие беа издадени од филијала на Wirecard, која се наоѓа во Англија.

    Што значи тоа?

    Додека FCA (финансиска истражувачка институција во Англија) не ја заврши целосно нивната истрага, вие привремено не можете да ги користите средствата на вашата картичка или да примате нови плаќања на вашата картичка.

    WCSL работи со FCA за решавање на нивните проблеми, за привременото замрзнување да се укине што е можно поскоро, а вашата картичка да може да продолжи да работи како порано.

    Додека вашата картичка не се замрзне, плаќањата кои ги очекувате ќе одат на вашата сметка на Payoneer, во вашиот виртуелен биланс и ќе можат да бидат повлечени на вашата локална банкарска сметка.

    Дали вашиот виртуелен биланс е достапен за користење?

    Вашиот виртуелен биланс е веќе достапен. Само логирајте се на вашата сметка на Payoneer за да ја видите. Ова значи дека можете да продолжите да примате плаќања од пазарни места, платформи и клиенти без проблем и да ги повлечете овие средства на вашата локална банкарска сметка. Ве молиме, проверете дали имате одобрена банкарска сметка, во ваше име, поврзана со вашата виртуелна сметка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично