ПОВЕЌЕ

    Волстрит е загрижен дека отворањето на економијата може да предизвика скок на цените 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Волстрит е се повеќе загрижен дека “бранот” на потрошувачка што може да настане кога економијата повторно ќе отвори, може да предизвика скок на цените, расипувајќи ја „забавата“ на финансискиот пазар што е во полн ек, од минатиот март.

    Приносите на државните обврзници, наспроти цените, се зголемија, сигнализирајќи зголемен оптимизам за економското закрепнување. Но, економскиот раст може да значи и зголемување на цените.

    Инвеститорите се загрижени дека повисоката инфлација ќе направи притисок врз централните банки и дека Федералните резерви може да ги зголемат каматните стапки или да ги намалат купувањата на обврзниците порано од очекуваното.

    После долг период на лесен пристап до пари, ова може да предизвика бес на пазарот, пренесува CNN.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично