Водечката компанија за Microsoft решенија во Македонија, Axapta Masters и специјализираниот центар за обуки од областа на најновите Microsoft технологии, Axapta Learning Center, надоврзувајќи се на успехот на минатогодишната Digiton конференција на 20-ти и 21-ви октомври во хотел Мериот Скопје, по втор пат ја организираат најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии.
Оваа година конференцијата е поделена во два дела: Business Stream и Technical Stream. Станува збор за уште побогато и поголемо издание на Digiton Conference, настан на кој учество ќе земат бројни експерти, кои ќе говорат за растечките трендови и новини во индустријата истовремено освртувајќи се и кон предизвиците, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и нејзината примена во бизнисот.
Дел од говорниците и панелисти на конференцијата се светски и домашни реномирани експерти од областа на Microsoft бизнис технологиите, меѓу кои и Microsoft MVPs.
Главно мото на конференцијата oстанува „The future is digital“, потенцирајќи ја потребата на компаниите да го започнат или продолжат процесот на дигиталната трансформација низ кој поминуваат, воедно следејќи ги брзо растечките трендови.
Сите детали за овогодинешното издание на Digiton Conference се достапни на официјалната страна: www.digiton.axaptamasters.com