Македонската бизнис заедница се подготвува за својот најважен и најпрестижен настан. На 22 октомври 2025 година, во хотел „Александар Палас“, ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“, вечер на прославување на извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет.
Втора година по ред, проектот „Бизнис Лидер“ го комплетираше деталното рангирање на најуспешните македонски компании, врз основа на објективни финансиски анализи во индустриските сектори. Настанот е официјална платформа за промовирање на висока деловна култура, транспарентност и конкурентност. Наградите се признание за оние кои во изминатата година оствариле најдобри резултати по клучните критериуми: приход, добивка и број на вработени.
ПОЗНАТИ НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА
Објективното рангирање на Бизнис Мрежа ги истакнува компаниите кои доминираат во своите сектори според строгите критериуми.
Апсолутни лидери со доминација во сите три сегменти
Овие компании ја задржаа лидерската позиција по приходи, добивка и број на вработени:
- Во категоријата „Производство на фармацевтски препарати“ лидерската позиција по приходи, добивка и број на вработени ја задржува Алкалоид АД Скопје, потврдувајќи ја својата долгорочна стабилност и доминација на пазарот.
- Во категоријата „Производство на безалкохолни пијалаци и вода во шишиња“, сите три лидерски позиции, по приходи, добивка и број на вработени – ѝ припаѓаат на Пивара Скопје АД, како компанија која со децении го одржува врвот во оваа индустрија.
- Металуршкиот гигант Макстил АД Скопје е убедлив лидер по сите параметри – приходи, добивка и број на вработени – во категоријата „Леење на челик“, потврдувајќи ја својата клучна улога во македонската индустрија.
- ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип ја предводи категоријата „Производство на батерии и акумулатори“, освојувајќи го првото место по приходи, добивка и број на вработени.
- Во категоријата „Производство на вино од грозје“, неприкосновен лидер е ВВ-ТИКВЕШ АД Кавадарци, кој бележи раст на сите три показатели.
- Млекара АД Битола е најуспешна компанија во категоријата „Производство на млечни производи“, освојувајќи го првото место по приходи, добивка и број на вработени.
- Во категоријата „Производство на пиво“, лидер по сите три критериуми е Прилепска пиварница, компанија со долга традиција и конзистентни резултати.
- Мермерен комбинат АД Прилеп е најуспешна компанија во категоријата „Вадење декоративен камен, варовник, гипс, шкрилци и други камења“, со највисоки приходи, добивка и број на вработени.
- Во категоријата „Производство на основни фармацевтски производи“, лидер по сите три критериуми е НЈСК Холдинг ДООЕЛ Скопје.
- Фершпед АД Скопје е бизнис лидер по приходи, добивка и број на вработени во категоријата „Други помошни дејности во транспортот“.
- Во категоријата „Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати“, највисоки резултати по сите три параметри бележи ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје.
- Мотоцентар ДОО Скопје е бизнис лидер по приходи, добивка и број на вработени во категоријата „Трговија на големо со делови и прибор за моторни возила“.
- Во категоријата „Дејности на болниците“, најуспешна компанија е Клиничката болница Аџибадем Систина Скопје, која го предводи секторот по сите три показатели.
- Во категоријата „Истражни дејности и дејности за приватна заштита“, лидер е НИКОБ ДОО Скопје.
- Во категоријата „Производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси“, првото место по сите критериуми му припаѓа на Конти Хидропласт.
- Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје е лидер во категоријата „Финансиски лизинг“, со највисоки приходи, добивка и број на вработени.
- Конечно, во категоријата „Производство на железнички локомотиви и шински возила“, највисоки приходи и број на вработени бележи ВАБТЕК МЗТ АД Скопје.
Секторски лидери по клучни параметри
Во овие категории, бизнис лидерството е поделено меѓу компании кои се специјализирани за одреден сегмент:
- Во категоријата „Дејности за посредување во товарниот транспорт“, највисоки приходи има Кине и Нагел ДООЕЛ, најголема добивка оствари Старкон Шипинг ДОО Скопје, додека најголем број на вработени има Квенбергер Логистик Македонија ДООЕЛ Штип.
- Во категоријата „Трговија на мало со фармацевтски производи“, највисоки приходи бележи Аптека Зегин Фарм Скопје, а највисока добивка и најголем број на вработени има Моја Аптека Скопје.
- Во категоријата „Производство на апарати за дистрибуција и контрола на електрична енергија“, лидер по приходи и добивка е Раде Кончар–ТЕП ДООЕЛ Скопје, а по број на вработени – Раде Кончар–Контактори и Релеи ДОО Скопје.
- Во категоријата „Трговија на големо со производи од тутун“, највисока добивка има Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, највисоки приходи – Експанда, а најголем број на вработени – Пекабеско.
- Во категоријата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер“, лидер по приходи е Атлантик Трејд Скопје ДОО Илинден, а по добивка и број на вработени – Алма-М ДООЕЛ Скопје.
- Во категоријата „Трговија на големо со кафе, чај, какао и зачини“, највисоки приходи и број на вработени бележи Атлантик Гранд ДООЕЛ Скопје, а најголема добивка има Леаком-Марисон ДООЕЛ експорт-импорт Ќојлија, Петровец.
Наградите им оддаваат признание на бизнис лидерите кои придонесуваат за економскиот раст и развој на Македонија.
Годинешната церемонија е осмислена како спектакуларна вечер на бизнис елитата, во која ќе се спојат престижот, забавата и инспирацијата. Вечерта ќе ја води харизматичното дуо Сашко Коцев и Јана Серафимова, а публиката ќе ужива во вокалниот настап на Викторија Лоба.
Како големо изненадување, гостите ќе имаат прилика да доживеат ексклузивен настап на најпознатото кабаре шоу на Балканот, кое ќе донесе уникатна енергија и раскошна атмосфера достојна за настан од ваков формат.
Проектот „Бизнис Лидер“ е во организација на Евентика, со Таргет Груп како аналитички партнер и Халкбанк АД Скопје како главен партнер.
Повеќе детали за настанот: https://nagradi.biznislider.mk/.