Втор ден по ред поцрвенеа банките на Македонска берза. Вредноста на акциите на банките се намали. Акцијата на Стопанска Банка Битола денеска забележа пад од 4,57% и просечната цена сега изнесува 3.293,00 денари по акција, акцијата на ТТК Банка забележа пад од 3,36% и просечна цена по акција сега изнесува 1.360,00 денари, акцијата на Комерцијална Банка забележа пад од 2,28% и просечна цена по акција сега изнесува 7.698.00 денари, акцијата на НЛБ Банка забележа пад од 1,80% и сега просечна цена по акција изнесува 19.585,00 денари.
Намалувањето на врендоста на акциите на банките беше очекувано по Одлуката на НБРМ да забрани исплата на дивиденда до крајот на годината. Централната банка одлуката ја правда со претпазливност заради пандемијата, со најава дека станува збор за времена мерка која може да престане да важи порано од првично планираното.
Од Македонската банкарска асиоцијација велат дека нивниот став ќе биде познат неделава. Досега од банките се огласи само Комерцијална, банката која веќе имаше донесено одлука за распределба на дивиденда. Од таму најавија можност за оспорување на одлуката на Народна банка пред Уставен суд.
Акциите на банките почнаа да паѓаат во петокот кога Централната банка ја објави одлуката.