Врховниот суд на САД ја блокираше наредбата на претседателот на САД, Џо Бајден, со која се бара од вработените во големите компании да се вакцинираат или да носат маски и да се тестираат неделно.
Во образложението се наведува дека оваа наредба ги надминува овластувањата на Бајден.
Истовремено, највисокиот суд во земјата дозволи воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници во институциите кои добиваат федерални средства.
По неколкумесечни јавни повици Американците да се вакцинираат против СОВИД-19, од кој загинаа повеќе од 845.000 луѓе во САД, Бајден во септември објави дека ја направил вакцинацијата задолжителна во компаниите кои вработуваат 100 или повеќе работници.
Вработените кои не биле вакцинирани треба да прават неделен тест и да носат маски за лице на работа.
Администрацијата за безбедност и здравје при работа (OSHA), федерална агенција, им даде рок на компаниите до 9-ти февруари да го почитуваат ова правило или ќе се соочат со можност за казни.
Но, шестмина конзервативни судии на Врховниот суд одлучија дека тоа ќе има „значително влијание врз животот и здравјето на огромен број вработени“.
„Иако Конгресот несомнено ѝ даде на OSHA овластување да ги регулира професионалните опасности, тој не ѝ даде на таа агенција моќ да го регулира јавното здравје пошироко“, велат тие.
„Условите за вакцинација за 84 милиони Американци, избрани едноставно затоа што работат за работодавци со повеќе од 100 вработени, секако спаѓаат во втората категорија“, додаваат тие.
Тројцата либерални судии не се согласија.