ПОВЕЌЕ

    ВРЕДНОСТИТЕ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ – Или, зошто е Комерцијална по десетти пат Банка на годината

    Време зa читање: 3 минути

    Комерцијална банка е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ – е добра вест. Но, кога ќе се каже дека наградата и се доделува по десетти пат од финансискиот магазин „The Banker“, тоа веста ја прави многу позначајна. Комерцијална е во друштво на банките од над 120 земји низ светот, препознатливи по развојот на нови производи и иницијативи насочени кон бизнисите и граѓаните. Има голем удел во креирањето на современото банкарство, притоа постигнувајќи и врвни резултати.

    И без податоците од последново тримесечје, за Комерцијална банка оваа 2023 е успешна година. Резултатите од финансиските извештаи покажуваа дека на секои три месеци македонската најголема банка се самонадминувала.

    Следено од страна, еве како тоа изгледаше.

    Крајот на претходната година беше означен со добивка од 34,8 милиони евра. За зголемување на банкарскиот капитал се издвоени 13,7 милиони евра, а 2,6 милиони за инвестициски вложувања.

    Три месеци подоцна, Комерцијална почна со уривање на сопствените рекорди. Во првиот квартал забележа добивка од 16,87 милиони евра. Резултат двапати поголем од оној завршниот за 2022. А, за речиси 100, конкретно – за 98,9 насто повеќе од остварените 8,48 милиони евра во истиот период од минатата година. Плановите имале реализација од 136,4 проценти. Разбирливо, основата за достигнувањето е во солидните остварувања во сегментите од банкарското функционирање: вкупни приходи зголемени за 40,6 насто, од кои само каматите имале раст од огромни 82,6 проценти. Во тој дел од годината Банката располагала со депозити од 2,1 милијарда евра. На последниот ден од март вкупната актива била со износ од 2,48 милијарди евра.

    Првата половина од годината носи и нови постигнувања, проследени со констатацијата дека Комерцијална банка (повторно) успесите ги множи со два. За шест месеци прави добивка од речиси 33 милиони евра. За 18,4 милиони евра повеќе од истиот периодво 2022. Повеќе заработува и од пресметувањето камати – 39,2 милиони евра (21,5 милиони евра во споредбениот период). Поместување има и кај активата, на 2,5 милијарди евра.

    Последните податоци се од работењето во трите годинешни тримесечја. Комерцијална покажува дека секогаш може повеќе.

    По зголемувањето од 64,7 проценти, добивката доаѓа до нивото од речиси 50 милиони евра. Проекциите се реализирани со 133,2 проценти.

    Вкупните приходи од работењето се над 83 милиони евра. Кај нив е забеежан раст од 31,6 проценти. Инкасираниот прилив од каматите е поголем за завидни 80,7 насто. Со датум од 30 септември вкупната актива на Комерцијална банка е близу 2,6 милијарди евра. Споредено со крајот на декември 2022, зголемена е за 5,4 проценти.

    Ваквот начин на функционирање го препознаваат и инвеститорите. Акцијата на Комерцијална банка не само што постојано е во топ 5, туку долго време е на челната позиција како најтргувана. Речиси и нема берзански работен ден во кој не е направена трансакција со акциите на Банката.

    Признанието – по десетти пат од „The Banker“ укажува на стабилното работење и на развојната  ориентација. Товарот што го носат вработените е голем, затоа што не е едноставно да се опстои на врвот. Особено кога има солидна конкуренција. Сепак, со спроведувањето на политиките од  Управниот одбор – Хари Костов, Илија Илоски, Маја Стевкова Штериева, Билјана Максимовска-Поповиќ и Никола Џамбазовски – Комерцијална незапирливо тера по својот пат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично