Ако пробате да платите за нешто со обично парче хартија, другата страна нема да ви го даде тоа што го сакате. Освен ако, се разбира, парчето хартија е општо прифатена банкнота, како на пример, долари. Но, што е тоа што ја прави таа банкнота многу поинтересна и вредна од другите парчиња хартија? На крајот на краиштата, нема многу работи што можете да направите со таа банкнота. Не можете да ја јадете или да изградите нешто со нејзе. Од каде доаѓа таа вредност?
Се разбира, веројатно го знаете одговорот. Таа банкнота е принтана од владата и е означена како официјална валута, додека другите парчиња хартија не се. Но, тоа е само она што ги прави легални. Она што ја прави банкнотата вредна е колку исти такви банкноти ги има во циркулација. Низ историјата, повеќето валути, како и американскиот долар, беа поврзани со вредни производи и количината на оптек зависеше од златните или сребрени резерви на владата. Но, откако САД го укинаа овој систем во 1971 година, доларот стана она што е познато како фиат-пари, што значи дека не се поврзани со никаков надворешен ресурс, туку потпирајќи се само на владината политика да одлучи колку банкноти да печати.
Која гранка на нашата влада ја поставува оваа политика? Извршната, законодавната или судската? Одговорот е: ниту едно од нив. Всушност, монетарната политика е поставена од независен систем на федерални резерви, составена од 12 регионални банки во поголемите градови низ целата земја. Неговиот управен одбор, кој го именува претседателот и го потврдува Сенатот, известува до Конгресот, а целиот профит на од федералните резерви оди во Министерството за финансии. Но, за да се спречи Банката на федерални резерви да не биде под влијание на секојдневните околности на политиката, не е под директна контрола на која било гранка на владата. Зошто банката на федерални резерви не одлучи само да печати бесконечни банкноти од сто долари за да ги направи сите среќни и богати? Па, затоа што тие нема да вредат ништо.
Размислете за целта на валутата, која треба да се разменува за стоки и услуги. Ако вкупната количина на валута во оптек се зголеми побрзо од вкупната вредност на стоките и услугите во економијата, тогаш секоја одделна банкнота ќе може да купи помал дел од тие работи отколку порано. Ова се нарекува инфлација. Од друга страна, доколку понудата на пари остане иста, додека се произведуваат повеќе стоки и услуги, вредноста на секој долар би се зголемила во процес познат како дефлација. Банката на федерални резерви користи голем број на податоци за да утврди колку пари треба да има во оптек, вклучувајќи ги и претходните стапки на инфлација, меѓународните трендови и стапката на невработеност.