КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице на позицијата стручен соработник за сметководство и финансии во Секторот за сметководство и финансии.
Работниот однос се основа на определено работно време од 6 месеци, со можност за негово продолжување.
Работното време е 40 работни часа, секој работен ден од понеделник до петок.
Висината на платата е предмет на договор.
Опис на работните обврски:
- Сметководствено евидентирање на деловните промени во Друштвото и пензиските фондови
- Контрола на ликвидноста на Друштвото и пензиските фондови
- Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи
- Подготовка на ревизорски извештаи
- Подготовка на завршна сметка
- Подготовка на финансиски планови и стратегии
- Останати работи по налог на претпоставените.
Потребни квалификации:
- Дипломиран економист
- Работно искуство од 3-5 години во областа на финансиско сметководство
- Уверение за овластен сметководител
Кандидатот е потребно да поседува:
- Напредни вештини во MS Office; •
Комуникациски вештини, усмени и писмени;
- Проактивност, самоиницијативност и доверливост;
- Лична одговорност и интегритет;
- Спремност за учење и професионално усовршување
Друштвото Ви нуди флексибилна и пријатна работна средина, како иможност за дополнителна обука и професионална надградба.
Доколку сте подготвени да ја креирате Вашата иднината денес, Ве охрабруваме да се приклучите на нашиот тим.
Вашата биографија ја очекуваме на следнава електронска адреса: [email protected] најдоцна до 20.04.2021 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.
За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: [email protected] или на тел. 02 /3243-777. Лице за контакт: Билјана Русомарова
Напомена:
Согласно Законот за заштита на личните податоци, со доставувањето на вашата биографија за идните потреби на Друштвото, согласни сте вашите лични податоци да бидат користени во процесот населекција на кадри. Друштвото Ве известува дека вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел, ниту, пак, би биле достапни на трети лица.