Болницата од Кочани доби опрема донирана од вработените во Народната банка, кои со желби за успешно и брзо заздравување на повредените во несреќата, ја посетија болницата. Целта е со донацијата да се обезбеди непречено функционирање на оваа здравствена установа.
„Народната банка уште еднаш изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и до сите погодени во оваа голема трагедија, како и подготвеност за натамошна помош во справувањето со последиците.
Поддршката, заедништвото и човечката блискост нека ни бидат на сите најголема утеха“, велат од Народната банка.