ПОВЕЌЕ

    Вработените на Макпетрол добија К-15 од 48 илјади денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Најголемиот дистрибутер на горива го исплати регресот за годишен одмор. Вработените во  Макпетрол, за користење на годишниот одбор добија по 48 илјади денари.

    Оваа информација компанијата ја сподели преку Македонска берза:

    „Имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, Макпетрол АД Скопје информира дека на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен“.

    Исто така, во објавата е наведено дека „грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на Макпетрол АД Скопје“.

    Таа грижата дава резултати: минатата година оваа компанија ја заврши со добивка од 17,2 милиони евра. Во нејзината распределба награди имаше за акционерите, но и за вработените. Оваа година, пак, по одработеното прво тримесечје, стартуваа со добивка од над два милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично