ПОВЕЌЕ

    На чело со Кина, воспоставен е најголемиот трговски сојуз

    Време зa читање: 2 минути

    Петнаесет азиско-пацифички земји го воспоставија најголемиот трговски сојуз во светот, под покровителство на Кина и без учество на САД, кои, под администрација на претседателот Доналд Трамп, ги напушти преговорите за слично здружение.

    Потпишувањето на Сеопфатниот регионален економски договор (РЦЕП) на состанокот во Виетнам, во Ханој, доаѓа три години по распадот на Транспацифичкиот трговски договор (ТТП), што беше едно од најголемите наследства на поранешниот американски претседател Барак Обама.

    Неговиот наследник на таа позиција, Доналд Трамп, се повлече од тој договор во 2017 година, на првиот ден од неговиот мандат, кој, доколку стапеше во сила, ќе опфатеше скоро третина од светската трговија.

    РЦЕП може дополнително да го зајакне влијанието на Кина во Азија, давајќи и подобра позиција да ги обликува трговските правила на овој дел од светот.

    Договорот го потпишаа 15 земји, вклучително и 10 членки на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), како што се Малезија, Филипини, Индонезија, Виетнам и Австралија, Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

    Договорот е значаен бидејќи ривалите, како Кина, Јапонија и Јужна Кореја, за прв пат потпишаа заеднички трговски договор. Индија се повлече од договорот минатата година.

    Договорот беше потпишан виртуелно, на состанокот на АСЕАН, а целта на овие земји е постепено намалување на царинските давачки, а некои веднаш ќе бидат укинати.

    РЦЕП ќе покрие 30 проценти од светската економија и ист процент од светската популација, односно ќе опфати 2,2 милијарди потрошувачи.

    Договорот стапува на сила кога ќе биде ратификуван од доволен број држави, во рок од две години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично