ПОВЕЌЕ

    Зошто Ворен Бафет се смета за најголемиот губитник меѓу милијардерите во 2020 година?

    Време зa читање: 2 минути

    Според индексот на милијардери на „Блумберг“, богатството на Ворен Бафет, актуелен претседател на „Беркшир Хатавеј“, годинава се намали за околу 19 милијарди долари. Сепак, тој и натаму е меѓу најбогатите луѓе во светот со нето вредност од 70,4 милијарди долари.

    Остриот пад на неговото богатство и голем број негови неодамнешни одлуки ги натера неколку негови следбеници и аналитичари на пазарот да се посомневаат во неговата стратегија.

    Бафет е познат како шампион за инвестирање и за охрабрување на луѓето да купуваат и засекогаш да ги чуваат акции. Но, наспроти ова тврдење и тој самиот беше принуден да се откаже од голем број на големи инвестиции во првиот квартал на оваа финансиска година, кога пазарот беше во слободен пад.

    „Беркшир Хатавеј“ ги продаде сите свои удели во четирите најголеми американски авиокомпании, бидејќи коронавирусот ја блокираше побарувачката за патувања.

    „Светот се промени поради коронавирусот. Погрешив мислејќи дека се исплаќа инвестирањето во авиоиндустријата“, изјави Бафет на годишната конференција на акционери која оваа година поради пандемијата на коронавирусот се одржа пред празната конференциска сала.

    Беркшир во првите три месеци од годината забележа нето загуба од близу 50 милијарди американски долари.

    Врвни експерти од областа велат дека инвестициската стратегија за одржување на акции засекогаш е застарена. Секторите или деловните активности што изгледаат добро денес, можат да бидат застарени за помалку од една деценија.

    Моментално фокусот на пазарот сега е повеќе насочен кон залихите за раст, сметаат дел од финансиските аналитичари.

    Тие ги наведоа примерите на акции на „Тесла“, кои се зголемени за речиси трипати во последните шест месеци, иако компанијата никогаш не објавила профит. „Тесла“ неодамна стана највредниот производител на автомобили во светот. Во таа насока бројни експерти го критикуваат Бафет, за недостиг од внес на иновации во неговите компании. Бафет го проушта моментот на иновативност во бизнисот, а тоа е веројатно со оглед на фактот што иновациите  не создаваат парични текови во првите години од основањето, а Бафет е познат по бизнисите кои создаваат моментални големи вредности на парични текови, што во услови на пандемија се покажаа како критични.

    Ворен Бафет сепак, е уверен дека „магијата на американската неолиберална економија“ ќе успее да ја рехабилитира економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично