Берзанскиот индекс на обврзници од денес се пресметува по нов состав. Комисијата за берзански индекс вчера изврши вонредна ревизија на ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување, за елементи на ОМБ се определени: обврзниците за денационализација-шеснаесетта емисија (RMDEN16); обврзниците за денационализација-седумнаесетта емисија (RMDEN17); обврзниците за денационализација-осумнаесетта емисија (RMDEN18); обврзниците за денационализација-деветнаесетта емисија (RMDEN19); обврзниците за денационализација-дваесетта емисија (RMDEN20); обврзниците за денационализација-дваесет и прва емисија (RMDEN21); обврзниците за денационализација-дваесет и втора емисија (RMDEN22); обврзниците за денационализација-дваесет и трета емисија (RMDEN23); и обврзниците за денационализација-дваесет и четврта емисија (RMDEN24).
Следната редовна ревизија на индексот е на 15 јуни.
Аналитика








