Шведскиот производител на луксузни возила Volvo Cars планира да изгради нова европска фабрика во источна Словачка, изјави во петокот министерот за економија на земјата.
Третата европска фабрика на Волво ќе биде лоцирана во Кошице, вториот по големина град во Словачка, изјави министерот за економија Ричард Сулик. Волво ќе добие околу 20% од 1,2 милијарди евра потребни за проектот како поддршка од словачката влада. Се очекува фабриката да произведува околу 250.000 електрични автомобили годишно и да отвори околу 3.300 работни места. Изградбата треба да започне следната година, а производството да започне во 2026 година. Волво постави цел до 2030 година да произведува само електрични автомобили.
Германскиот Volkswagen, францускиот PSA Peugeot Citroen, јужнокорејската Kia Motors Corp. и Jaguar Land Rover со седиште во Велика Британија веќе имаат големи фабрики во Словачка, централноевропска земја со 5,5 милиони жители.