После паѓање на берзанските индекси четири недели по ред, вчера цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите проценија дека има поволна можност за купување.
DOW Jones зајакна за 410 поени или 1,51 процент, на 27.584 поени, додека S&P 500 скокна 1,61 процент, на 3.351 поен, а индексот Насдак 1,87 проценти, на 11.117 поени.
Откако DOW Jones и S&P 500 паднаа четири недели по ред, нивната најдолга негативна низа во повеќе од една година, тие индекси вчера нагло пораснаа.
Најмногу скокнаа цените на акциите во енергетскиот, финансискиот и индустрискиот сектор, кои беа под најголем притисок од корона кризата.
„Овој пораст на пазарот беше воден од енергетскиот и финансискиот сектор, но и сите други сектори исто така значително се зајакнаа“, вели Тим Грискиј, стратег на Инвернес совет.
Причината, вели тој, е проценката на инвеститорите дека е добра можност да се купат акции по големиот пад на цените во последните неколку недели.