ПОВЕЌЕ

    Волстрит е под рекордот но азиските индекси пораснаа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Волстрит во понеделникот се спушти од рекордните нивоа бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето во сезоната кога компаниите објавуваат за нивните оперативни резултати кои ќе покажат дали инфлациските притисоци се интензивираат.

    DOW Jones падна 55 поени или 0,16 отсто, на 33.745 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,02 отсто, на 4.127 поени, а индексот NASDAQ падна за 0,36 отсто, на 13.850 поени.

    На азиските берзи, цените на акциите пораснаа денес, неутрализирајќи дел од загубите од вчера, но тргувањето е претпазливо пред важните економски извештаи и сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите.

    Индексот на акции и пацифик MSCI, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за 0,5 проценти околу 7 часот откако вчера падна за повеќе од 1 процент. 

    На берзата во Токио, индексот Никеи зајакна за 1 процент, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја пораснаа помеѓу 0,1 и 0,9 проценти. Во Шангај, берзанските индекси стагнираат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично