ПОВЕЌЕ

    Волстрит во пресрет на празникот “Ден на трудот”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Пазарите во САД и Канада се затворени денес поради “Денот на трудот”. Во петокот, Вол Стрит се затвори пониско, продолжувајќи го негативниот тренд забележан во претходната сесија. За прв пат од почетокот на финансиското закрепнување, сите три главни индекси ја завршија неделата со пад, вклучително и неделна загуба од над 3% за NASDAQ100.

    Како и да е, имаше двоцифрена добивка за главните криптовалути, кои покажуваат закрепнување. Откако прикажа релативно мала нестабилност за време на викендот, пазарот на крипто-валути беше повисок за време на пишувањето. 9 од топ 10 главни криптовалути беа во зелено утрово, вклучувајќи 3 кои регистрираа двоцифрена добивка. Биткоинот, сепак, беше скоро рамен, кои тргуваше со околу 10.200 долари. 

    Азиските пазари беа претежно пониски бидејки забележаа загуби. Индексите JPN225 и HKG50 беа во минус за време на пишувањето, додека China50 беше нешто повисок. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично