За секој кубик потрошена вода скопјани ќе плаќаат по 35,02 денари. Новата цена, повисока за 3,2 денари, се пресметува од овој месец. Корекции, освен кај водата за пиење, има и кај прочистувањето на отпадните води и кај собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води, со што во тотал растот е за приближно десет проценти.
Одлуката за ова поскапување е на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесена на 25 август. Образложението од РКЕ за тој потег е дека реахирале поради тоа што надлежните – Советот на Град Скопје, не донел одлука во предвидениот рок, односно не ги спровело препораките за усогласување на цената.