ПОВЕЌЕ

    ВОДЕНА МАГИЈА ПОД ОСОГОВИЈАТА – освежувачки летни денови во аквапаркот во Пробиштип

    Време зa читање: 2 минути

    Летото не трпи компромиси – бара разладување, забава и опуштање. Во срцето на Пробиштип, на подножјето на Осоговските планини, има вистински летен рај – првиот тематски аквапарк во Македонија. Распостранет на површина од дури 18.000 квадратни метри, овој воден парк е совршено место каде што Македонците можат да побегнат од жештините и да уживаат во освежувачко и незаборавно лето.

    Животот навистина станува едноставен кога си во базенот на аквапаркот – тука се губи поимот за време. Една од најголемите атракции е шанкот во вода, уникатен и свеж начин да се испие коктел без да се напушти базенот. А за оние кои бараат малку повеќе мир и луксуз – приватното џакузи е вистинското место за целосна релаксација.

    Но, тоа е само почеток. Адреналинските тобогани ветуваат смеа и возбуда, базенот со вештачки бранови ве носи на импровизирано морско патување, а низ целиот парк преовладува летно расположение – музика, смеење и забава насекаде околу вас.

    Аквапаркот е осмислен да им понуди уживање на посетители од сите возрасти – од најмладите до највозрасните. Најмладите ќе се воодушеват од разновидните тобогани и плитки базени направени специјално за нив, додека возрасните ќе можат да уживаат во лежалки покрај вода, пијалаци од баровите и спортски активности како одбојка на песок.

    Она што овој парк го прави уште посебен е неговата инклузивност – со комплетен пристап за лица со инвалидска количка, како во влезот така и на паркингот, овозможено е секое семејство, без исклучок, да ужива во летната магија.

    ИНТЕРВЈУ I ИСАК МИСИНИ: Под сенката на иновацијата – паметниот чадор SunChaser ја редефинира летната удобност

    Летото во Пробиштип никогаш не било повозбудливо. Аквапаркот претставува спој на природна убавина и модерна архитектура, со продавници за сувенири, ресторани со разновидна храна и места за одмор кои ве тераат да го заборавите секојдневието.

    Ако летово сè уште не сте одлучиле каде да се разладите – одговорот е јасен. Аквапарк Пробиштип ве чека.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично