Пазарот на животното осигурување и во септември бележи раст, со значителен обем на продадени полиси и исплатени штети. Новите договори обезбедиле вкупна премија од 118,43 милиони денари. Најголемиот интерес бил насочен кон полисите со учество во добивка и штедна компонента, кои комбинираат осигурување и инвестиција. Стабилни се движењата и кај класичните полиси. Кумулативно, исплатите на штети достигнале 77,3 милиони евра, што е значајно за сигурноста на граѓаните.
Последните податоци од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), содржани и во прикажаните табели, покажуваат дека во септември, во осигурувањето живот со учество во добивка (со штедна компонента) има нови полиси во вредност од 45,67 милиони денари. Кумулативно исплатените штети, пак, се во износ од 57,48 милиони денари. Или, осигурениците добиле повеќе пари за отштета отколку што платиле како премија.

Новата бруто полисирана премија во сегментот без учество во добивка е во вредност од 46,3 милиони денари. Овде исплатите биле значително пониски – седум милиони денари.
Со учество во добивка, каде што е присутна инвестициската компонента „Јунит линкд“, продадени се полиси за 26,46 милиони денари. Во септември по оваа основа биле исплатени 12,82 милиони денари.
Со вредноста на продадените нови полиси во текот на деветтиот месец од годинава предничи Триглав. Се работи за сума од од 56,33 милиони денари и за 427 склучени договори. Наспроти тоа, во доменот на исплатата – во 362 случаи на претрпена штета кај осигурениците се одлеале 20,68 милиони денари.

Со 362 договори и 35,98 милиони денари следи Кроација Живот. А, 168 штети се покриени со бруто износ од 28,3 милиони денари.
Најмногу договори – 2.050 склучила Уника. Притоа, бруто полисираната премија изнесува 16,35 милиони денари. Оваа компанија во септември извршила исплата на 2,67 милиони денари за најмал број штети (30) во однос на другите осигурителни куќи.
Новите 123 полиси на Граве се во вредност од 8,45 милиони денари, а исплатени се 14,66 милиони денари како надомест за 74 штети пријавени од клиентите.
Бруто полисираната премија на Винер е 5,55 милиони денари. Склучени се 117 договори. Исплатена е штета во 69 случаи од 11,05 милиони денари.
Најниска е полисираната премија кај Прва Живот. Сумата е 2,32 милиони денари, а опфаќа 60 договори
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








