Во 2021 година во работењето на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци се реализирани вкупни приходи од продажба во износ од 1,941 мил. денари т.е зголемување од 29% во однос на 2020 година. Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 27% и од странските пазари за 31%.
Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 22% и останатите оперативни расходи за 36% резултираа со оперативна добивка од 183,2 милиони денари.
Финансиските расходи се зголемија за 13 мил. денари. Остварена е нето добивката од редовното работење пред оданочување во износ од 166 мил. денари и нето добивка по оданочување во износ од 144,4 мил. денари.
Во 2021 година за работењето во 2020 година не беа исплатени дивиденди.
Во 2021 година се остварија вложувања во материјални и нематеријални средства од 150,5 мил. денари. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.
Во 2022 година, приходите од продажба се предвидени со раст од 14,4%. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 41% додека извозните пазари да учествуваат со 59%. Согласно новонастанатата состојба на глобално ниво со коронавирусот, предвидувањата ќе претрпат промени.