Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, презентирајќи го отчетот за работењето на ТИРЗ во првите шест месеци од годинава истакна дека е регистрирано рекордно полугодие во работењето на зоните во изминативе дваесет години, односно обем на економска активност од над една милијарда и 559 милиони евра извоз“, изјави
-Споредбено, забележан е раст од 68% во однос на истиот период од 2020 година, 12,5% раст за разлика од 2019 година и 33,5% раст во однос на 2018 година. Овие бројки покажуваат дека економијата во рамки на ТИРЗ е на добар пат, остварен е реален раст и ќе работиме за овие бројки да продолжат да растат. Во одредени дејности постојат некои ризици, но овие бројки ќе поттикнеме дополнително да растат, кажа Деспотовски.
Директорот додаде дека рекорден е и увозот во зоните и изнесува една милијарда и 535 милиони евра, што претставува раст од 90% во споредба со истиот период минатата година.
-На увозот гледаме позитивно, компаниите увезуваат технологии и репроматеријали, што ќе придонесе во иднина извозните бројки да покажат дополнителен пораст, нагласи Деспотовски.
Тој дополни дека бројот на вработени сега изнесува 14.320 лица, што е раст во однос на просечниот број на вработени за 2020 година од 9,75%.