ПОВЕЌЕ

    Во Сарај ќе се градат само четири и петособни станови, во Центар и Карпош најмногу двособни

    Време зa читање: 2 минути

    Гази Баба е скопската општина каде што ќе се градат најмногу станови во наредниот период согласно податоците на Државниот завод за статистика за мај месец. Статистиката покажува дека во мај 2021 година се издадени 300 одобренија за градење или за 86,3% повеќе во однос на истиот месец лани.Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 49 094 м2.

    Кај становите само во Скопскиот регион согласно одбренијата ќе се градат 406 станови со површина од 28.895 м2.

    Најголем дел од овие станови 163 на број се планирани во Гази Баба. Во оваа општина најголем дел од становите што ќе се градат(60) ќе бидат трисобни.

    Втора општина каде што повторно ќе копаат багерите е Кисела Вода. Таму ќе се градат 64 стана, од кои половина ќе бидат со две соби.

    Сарај е третата скопска општина каде што ќе се градат 60 станови. Инвеститорите на станови ќе градат исклучиво четири и петособни станови.

    Едни од најомилените скопски општини Карпош и Центар за градење повторно нема да бидат поштедени. Во Карпош ќе се градат 47, додека во Центар 44 станови. И во овие општини најмногу ќе има станови со две соби.

    Во Чучер Сандево ќе има нови 17 станови најмногу со четири соби.

    И во Бутел ќе се градат три станови.

    Интересно Аеродром иако е една од најатрактивните за градежните фирми и овојпат е изоставена од инвеститорите.

    Инаку, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 492 299 илјади денари, што е за 124.0 % повеќе во однос на истиот месец6,3  од претходната година.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 164 (54.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9.0 %) за објекти од нискоградба и 109 (36.3 %) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 300 објекти, на 145 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155  (51.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично