
Корисниците на мобилната телефонија во Македонија – 2.205.467 на број, оствариле разговори од 1,3 милијарди минути. Конкретно, 1.299.617.051 минути. Пресметано во поголемите мерни временски единици тоа би значело дека во разговор на мобилен телефон се минати приближно 21.660.284 часови, околу 902.511 денови, 29.645 месеци. Или, тоа се разговори кои зафаќаат речиси 2.470 години!

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации се однесуваат на периодот заклучно со третиот минатогодишен квартал. Притоа, во вкупната претплатничка база има 833.089 резиденцијални припеид претплатници, 1.024.072 резиденцијалн постпеид и 248.306 деловни постпеид претплатници.
Според операторите, распределбата на претплатниците е сконцентрирана кај А1 Македонија со 47,41 отсто и Македонски Телеком со 46,68 отсто. Уделот на М ТЕЛ е 4,55 проценти, на Телекабел 1,27 и Греен мобиле 0,10 проценти.
Што се однесува до приходите од малопродажбата на мобилните услуги, Македонски Телеком остварил 49,49 насто, А1 Македонија 48,58 насто, М ТЕЛ 0,93 насто, Телекабел 0,79 насто и Греен мобиле 0,11 насто.
Искористувањето на интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) исто така е значајно – во третиот квартал пристап до интернет имале 1.781.697 претплатници.
Во фиксната телефонија, пак, заклучно со третиот квартал од 2025 година има 459.643 линии. Преку нив се остварени 13.538.044 минути разговор. А, уделот на операторите е: Македонски Телеком 51,68 проценти, А1 Македонија 43,34, Телекабел 3,17, Неотел 1,26 и Актон 0,55 проценти.
Аналитика








