ПОВЕЌЕ

    Бојкот на продавниците го тресе регионот

    Време зa читање: 2 минути

    „Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, гостите анализираа дали бојкотот на маркетите е добра опција во борба против високите цени, пред се на прехранбените производи. По бојкотот во Хрватска, овој тренд се шири и во Македонија, Босна и Црна Гора. Дали ова е економски револт или само привремен гнев на потрошувачите? Но, дали треба владите во регионот да даваат поддршка на овие бојкоти. Еве што велат економистите од регионов.

    „Владите не треба тоа да го прават, владата треба да го прави она што може  да ја сузбие инфлацијата. Истовремено, имате неколку зголемувања на цените на енергенсите, да кажеме, горивото континуирано расте, а владата може да ги смали акцизите, да би ги намалила цените на горивата, а со тоа, тоа би се рефлектирало, мултипликувало и на смалување на останатите цени, ама тоа тие не сакаат да го направат. Значи, полесно е да се придружат на одредени популистички повици и одговорноста да ја пренесат од себе.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!“

    КОЛКУ ПОРАСНАА ПРИХОДИТЕ И ПРОФИТИТЕ НА МАРКЕТИТЕ ЗА ШЕСТ ГОДИНИ и дали се должат на високите цени?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично