ПОВЕЌЕ

    Во овие земји најдобро е да се започне online бизнис 

    Време зa читање: 2 минути

    За да истражите во кои земји има најдобри услови за започнување на бизнис преку Интернет, една истражувачка група анализираше 99 земји преку 20 категории (од БДП по глава на жител и стапка на данок на доход, до број на социјални медиуми, корисници на Интернет и работен простор).

    Откриле дека повеќето земји најпогодни за започнување бизнис преку Интернет се наоѓаат во Европа, како и во Соединетите Држави, Канада и Сингапур. Сепак, и покрај сите предности, стапката на данок на добивка е значително поголема во овие земји.

    На списокот на топ 10 земји се:

    1. Данска
    2. Швајцарија
    3. Холандија
    4. САД
    5. Норвешка
    6. Шведска
    7. Сингапур
    8. Германија
    9. Канада
    10. Луксембург

    Најлоши земји за започнување бизнис преку Интернет се Хаити, Венецуела, Уганда, Ангола, Замбија, Пакистан, Камбоџа, Непал, Бангладеш и Таџикистан.

    Од земјите во регионот на Западен Балкан опфатени со ова истражување, Словенија е убедливо најдобро рангирана и е на високо 22-то место. Босна и Херцеговина (55-то) и Албанија (54-то) се најлошо рангирани.

    Словенија постигнува најдобра оценка во скоро сите категории користени во истражувањето. Само во четири категории, друга земја во регионот постигнува подобар резултат.

    Брзината на мобилниот интернет е најбрза во Хрватска, следена од Албанија и Србија, додека Словенија е на четвртото место. Најбавно е во Босна и Херцеговина.

    Данокот на добивка е најнизок во Босна и Херцеговина и изнесува 10 проценти, додека во Словенија е 19 проценти и е највисок во регионот.

    Истражувањата покажаа дека во Албанија се потребни само пет дена за да се започне бизнис. Слично е во Србија (7 дена) и Словенија (8 дена). Во Хрватска потребни се 20 дена, а во Босна и Херцеговина дури 80.

    Друга категорија во која Словенија не е доминантна е бројот на таканаречени простори за соработка – канцелариски простор за изнајмување во кој можат да работат работници од различни компании. 

    Црна Гора, Македонија и Косово не беа вклучени во истражувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично