ПОВЕЌЕ

    ВО ОКТОМВРИ И ВО НОЕМВРИ ЗГАСНАЛЕ 707 КОМПАНИИ, 11,5 % повеќе од лани

    Време зa читање: 4 минути

    Пари анализира каков е трендот и структурата на затворените фирми

    Во октомври и во ноември годинава, клуч на врата ставиле 707 компании, покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк. Споредбата со истите месеци од минатата година покажува дека деловната битка ја загубиле повеќе правни субјекти. Имено, во октомври и во ноември лани, клуч на врата ставиле 634 фирми.Така, годинешниов биланс за претходниве два месеца покажува раст на згаснати компании од 11,5 %.

    Ако затворањето на компаниите е сликовит начин за покажување на деловниот амбиент, тогаш овие податоци покажуваат влошување на состојбата во октомври годинава, кога се затвориле 339 правни субјекти, за разлика од истиот месец лани, кога се затвориле 264. Но, веќе во ноември има речиси ист број на згаснати компании како и ланскиот ноември. Имено, претходниов месец биле затворени 368 компании, а ланскиот ноември клуч на врата ставиле 370 компании.

    01.10.2021 – 30.11.2021 (по месеци)

    МесецВкупно згаснати субјекти
    Октомври 264
    Ноември 370
    ВКУПНО 634

    01.10.2022 – 30.11.2022 (по месеци)

    МесецВкупно згаснати
    Октомври 339
    Ноември368
    ВКУПНО707

    ВО КОИ 5 ГРАДОВИ НАЈМНОГУ СЕ ЗАТВОРАЛЕ ФИРМИ?

    Податоците покажуваат и дека во првите 5 градови по затворени фирми, затворени се 328 правни субјекти, а тоа е речиси половина од вкупниот број на затворени фирми во овој период во однос на сите 58 анализирани општини или градови. Само во Скопје, пак, затворени се 161 фирма, што е 23 % од вкупно затворените 707 компании во овој период.

    ТОП 5  градови по затворени фирми во октомври и ноември 2022

    ГрадЗатворени фирми
    Скопје161
    Куманово 48
    Битола 41
    Тетово 40
    Гостивар38

    Ако, пак, се спореди со лани, податоците покажуваат дека има извесна измена во однос на градовите во кои има најмногу затворени фирми. Сосема е извесно дека тој примат секогаш ќе го има Скопје, како град во кој и најмногу се одвива деловната активност, па таму најмногу и се отвораат и се затвораат фирми. На ова листа обично секогаш се и Битола, Куманово и Тетово. Но, за разлика од годинава, кога во првата петорка е Гостивар, лани меѓу првите 5 града со најмногу згаснати фирми го нема овој град, а тогаш ги имало Струмица и Прилеп. Всушност, Прилеп ја дели втората неславна позиција со Битола.

    ТОП 5 градови по затворени фирми во октомври и ноември 2021

    ГрадЗатворени фирми
    Скопје159
    Битола 36
    Прилеп36
    Куманово34
    Струмица 32
    Тетово 30

    ТРГОВСКИТЕ ФИРМИ И ЛАНИ И ГОДИНАВА СЕ ЗАТВОРААТ НАЈМНОГУ

    Анализата по сектори покажува дека и лани и годинава најмногу фирми се затвориле во трговијата. Лани во периодот октомври ‒ ноември биле згаснати 145 фирми, а годинава 189.

    На второ место годинава е преработувачката индустрија, со 108 згаснати фирми, додека лани биле згаснати 85 вакви фирми, со што овој сектор бил на третото место, а пред него повеќе затворања имало во секторот Други услужни дејности.

    Во секторот Други услужни дејности годинава се згаснати 99 фирми, а лани биле згаснати 97.

    Во октомви и во ноември годинава, од бизнис-заедницата „исчезнале“ 65 градежни фирми (четврто место), а лани 36 (петто место).

    Петтата дејност каде годинава најмногу, во октомври и во ноември, имало затворање на фирмите бил секторот Сместување и сервисирање. Во овој сектор веќе нема 58 фирми, а лани таму имало повеќе згаснувања ‒ деловната битка ја загубиле 66 фирми (четврто место).

    Како што може да се забележи од податоците, петте дејности каде што имало најмногу затворање се исти и годинава и лани, но има разлики во однос на позиционирањето.

    ТОП 5 дејности по затворени фирми

    Дејност10‒11.202210‒11.2021
    Трговија189145
    Преработувачка индустрија108 85
    Други услужни дејности9997
    Градежништво6536
    Објекти за сместување и сервисирање5866

    Последните статистички податоци за индустриското производство, покажуваат дека во октомври годинава, во однос на ланскиот октомври, тоа е намалено за 5,3 %, а бројот на вработените во индустријата е намален за 0,4 %. Она што е особено загрижувачко е намалената ликвидност на глобално и на национално ниво, со влошена наплата на побарувања. Ова се индикатори кои ќе влијаат врз натамошниот тренд на затворања на фирми, што Пари редовно го следи.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично