ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери најбројни акциите на Гранит, со најголема вредност на Алкалоид

    Време зa читање: 2 минути

    Седум друштва и 937 акции, обични и приоритетни, издадени од нив се заведени во нетрговските трансфери реализирани во текот на минатата недела.

    Најбројни се акциите на Гранит, вкупно 523. Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека 300 биле подарени во понеделникот, а 223 обични акции во петокот. Нивната просечна цена е 1.750 денари, а последното тргување на Македонска берза се случило на втори месецов.

    На почетокот од седмицата извршен е пренос на сопственоста кај акциите на уште три друштва, кои се најприсутни во неделните статистики. РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје е застапен со 35 обични акции, со кои на Берзата немало тргување во изминатите 52 недели. Трансферирани се 14 обични акции на РЖ Техничка контрола АД Скопје, чиј вредносен просек е 650 денари, кој произлегува од тргувањето на крајот од јули. Со знакот на Уготур АД Скопје овојпат се 37 обични акции, со кои една година не се евидентирани берзански трансакции.

    Во средата низ овој процес минале 93 обични акции од Комерцијална банка. Најтргуваната хартија од вредност, со состојба од трети октомври, има просечна цена од 27.192,55 денари. Оттаму, овој подарок вреди повеќе од 2,5 милиони денари или над 41 илјада евра.

    Четвртокот бил ден за втората најтргувана акција – на Алкалоид. Се работи за 226 акции. И нивниот просек е од крајот на седмицата и изнесува 25.342,84. Според тоа, подарените или наследени акции вкупно чинат над 5,7 милиони евра (93,1 илјада евра).

    Единствените приоритетни акции се на Стопанска банка АД Скопје. Единечната просечна цена, според податоците од Македонска берза, е 800 денари, а последен пат со нив се тргувало на втори октоммври.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично