ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфри – две третини од акциите се на Телеком

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупно 649 акции биле предмет на нетрговските трансфери реализирани минатата недела, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност. Во овие трансакции, најчесто поврзани со пренос на сопственоста како подарок или наследство, биле застапени акциите на седум друштва.

    Најголем број на преноси се евидентирани кај Македонски телеком – 413 акции, што претставува 63,6 отсто од вкупно трансферираните. Освен што се редовни во овие трансфери, чести се и берзанските тргувања, а последната цена за акција е 439,45 денари.

    Тутунскиот комбинат од Прилеп во минатонеделните преноси е застапен со 115 обични акции. Обемот на тргување со нив е ограничен, забележани се само шест трансакции во последните 52 недели, а просечната цена за акција е 290 денари.

    Единствената банкарска акција во овие трансфери е на Комерцијална банка. Во статистиката се заведени 44 обични акции. Најтргуваната хартија од вредност на Македонска берза има моментална просечна цена од 28.399,59 денари.

    Сѐ поредовни се и акциите на Раде Кончар-Апаратна техника, овојпат 40 на број. И со нив не се тргува многу (11 трансакции во 52 недели), а просечната вредност е 2.430 денари.

    Со знакот на скопска Окта се трансферирани 24 обични акции. Нивната просечна цена, произлезена од последното тргување е 4.900 денари.

    И акциите на Макпетрол влегуваат во речиси сите неделни статистики на нетрговските трансфери, а сега со 9 акции. Акциите интересни и во редовните тргувања, имаат единечна цена со просек од 116.386,38 денари.

    Во текот на минатата недела нетрговски е пренесена сопственоста кај 4 акции на скопски Алкалоид. Тоа е втората најтргувана акција на Берзата, а има просечна вредност од 26.311,33 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично