Четири работни денови и 3.396 акции во нетрговските трансфери. Издадени се од шест друштва што котираат на Македонска берза и сите се обични. Ден за подарување била средата со 2.554 акции.
Тогаш е трансферирана и најголемата количина од 2.504 обични акции кои го носат знакот на Адинг АД Скопје. Со оглед на просечната цена од 2.300 денари за акција, овој подарок има вредност од скоро 5,8 милиони денари или 93,6 илјади евра. Оваа цена е од последното тргување со датум од 27 август.
Минатонеделните активности во овој домен почнаа со 609 акции на скопски Жито Лукс. Нивниот просек е 124 денари за акција. Од 21 август па наваму нема тргување, а во последните 52 недели забележани се вкупно 15.
Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност, со недели наназад се регистрираат трансферите на акции издадени од Гранит. Овојпат – 227 обични акции. Освен тоа, чести се и трансакциите на Македонска берза, 548 во 52 седмици, а просекот е 1.790 денари за акција.
Пренос на сопственоста е направен и кај 39 обични акции на Ветекс АД Велес, како и кај 11 акции на Алкалоид.
Низ процесот на нетрговските трансфери минале и 6 обични акции на Комерцијална банка: 1 во вторникот и 5 во петокот.