ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери 3.030 акции од 11 компании и една банка

    Време зa читање: 2 минути

    Со 3.030 акции заврши минатата недела во делот на нетрговските трансфери. Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, кои редовно се објавуваат на Македонска берза покажуваат дека во петте работни дена во овој сегмент биле забележани акции издадени од 11 компании и од една банка. Најголемата раздвиженост биле во четвртокот, со 2.003 акции.

    Овојпат најбројни во нетрговските трансфери се хартиите од вредност на „Македонијатурист“ – 946 обични акции.

    Следи компанијата чии акции многу често се на врвот од оваа статистика. Подарени или наследени се 649 обични акции на „Македонски телеком“.

    Гледано по бројност – на овој начин има промена на сопственоста кај 461 акција на прилепскиот „Мермерен комбинат“, кај 268 акции „Алкалоид“ АД Скопје, кај 191 акција на „Оранжерии Хамзали“ АД Струмица.

    Исто така, во таа низа е и „Жито Лукс“ со 153 обични акции, па потоа и „Тутунски комбинат“ АД Прилеп со 117 обични акции.

    Со помалку од сто трансферирани акции во минатонеделната статистика се влезени „Раде Кончар- Апаратна техника“ – 75 обични акции, струмичката „Кланица со ладилник“ – 72, скопската Цементарница „Усје“ – 50 и „Окта“ АД Скопје со 15 обични акции.

    Редовна во овие прегледи е и Комерцијална банка, овојпат нетрговски се трансферирани 33 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично