ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери – 2.722 акции на 17 друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела се подарени или добиени како наследство 2.722 акции. Меѓу нив има и приоритени, но најголемиот дел се обични. Акциите се издадени од 17 друштва кои котираат на Македонска берза.

    Во три од петте работни денови се регистрирани нетрговските трансфери до акции на Уготур АД Скопје: понеделник – една, вторник 25 и во среда седум обични акции.

    Исто така и со акциите на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје: една, па 24 обични акции и на крај – шест обични акции.

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала дека акциите на седум компании се трансферирале на двапати.

    Минатат работна седмица оваа активност почнала и завршила со Аутомакедонија АД Скопје: 75 и  50 обични акции. Не се чести берзанските тргувањата со оваа акција, чија просечна цена е 3.120 денари.

    Во понеделникот е извршен пренос на 44, а во средата на 131 обична акција на Витаминка АД Прилеп. Вкупно 175. Единечната просечна цена за акција е 11.500 денари.

    Акциите на Алкалоид АД Скопје се евидентирани во два последователни денови: вторик30 и среда 200 обични акции. Акцијата е една од најтргуваните на Беррзата, а последниот просек на вредноста е 26.737,66 денари.

    Со знакот на Макстил АД Скопје се вкупно 670 акции. Прво се процесуирани 525, а потоа уште 145 обични акции. Нивната просечна цена е 135 денари.

    Во два наврати се трансферирани и акциите на уште две компании произлезени од некогашната скопска Железарница. РЖ Економика со една и со шест акции. РЖ Услуги е застапен со вкупно 246 акции: 193 обични акции, па 53 обични акции.

    Нетрговските трансфери ги бележат акциите на Трготекстил малопродажба, 576 на број. Имаат просечна вредност од 98 денари, а во последните 52 недели со нив се направени 21 берзанска трансакција.

    Пренос е извршен и на 211 обични акции со знакот на Либерти. И на 126 од АрцелорМиттал (ХРМ). Во минатонеделните трансфери се и 82 акции издадени од Окта.

    Подарени се 11 обични акции на Фершпед, седум на Макпетрол и две на РЖ Техничка контрола.

    Меѓу трансферите, два се извршени со банкарски акции. Приоритетните во количина од 120 се на Стопанска банка Скопје, а 70 обични акции се на Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично