ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери 1.363 акции од 11 друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Од 2 до 10 јануари, во двете празнични и скратени работни недели, во нетрговските трансфери се подарени, наследени… 1.363 акции. Сите се обични, а издадени се од 11 друштва.

    Меѓу нив се и акциите на Комерцијална банка, трансферирани на двапати. На вториот ден од годинава и прв работен – пет, а една недела подоцна уште 37.

    Во два наврати се сменила сопственоста на акциите и од две компании. На вкупно 340 од „Македонски телеком“, прво 50, па уште 290 обични акции. Исто како и на „Макстил“: на осми јануари 110, а на деветти 412. Сѐ заедно 522.

    Освен со банкарските пет, во нетрговските трансфери годинешниот старт е обележан и со 53 обични акции на „Макпетрол“.

    На осмиот ден од годинава, во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се влезени 42 акции емитувани од прилепскиот „Мермерен комбинат“.

    Пренос на најголем број акции имало во четвртокот, на девети јануари – 953. Меѓу нив акциите на четири РЖ компании: по 18 на „Економика“ и на „Интер-Трансшпед“, 7 на „Техничка контрола“ и 151 акција на „Услуги“. Забележани се и 20 обични акции на „Уготур“.

    Во петокот, според податоците објавени на Македонска берза, нетрговски се трансферирани 150 акции. НА тетовски „Тетекс“ 67 и 83 обични акции на „Витаминка“ Прилеп.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично