Со 4.353 акции заврши минатата недела во доменот на нетрговските трансфери. Ударен ден бил вторник со 2.529 подарени хартии од вредност. Сите акции се обични.
Меѓу акциите издадени од 13 компании, најбројни се на „Либерти“ АД Скопје – 930. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани во денот кога имало најмногу нетрговски преноси. Тогаш се подарени или наследени и 642 обични акции на „Макстил“ АД Скопје, како и 558 на „АрцелорМиттал (ХРМ)“ АД Скопје.
Исто така, пренос на сопственоста е извршена и кај 236 обични акции на РЖ „Услуги“, на 132 емитувани од прилепскиот „Тутунски комбинат“ и 31 акција на „Уготур“ АД Скопје.
Два нетрговски трансфери имало наредниот ден, се гледа од податоците објавени на Македонска берза. Се работи за акции на „Гранит“, 553 на број и за 19 на „Окта“.
А, пак, во статистиката од четвртокот се евидентирани 12 обични акции на скопски „Макпетрол“.
Минатата работна седмица е заокружена со 1.240 трансферирани акции. Тука се 776 хартии од вредност на „Македонски телеком“, 410 на „Мермерен комбинат“ АД Прилеп, 48 на „Алкалоид“ и 6 обични акции издадени од „Витаминка“ АД Прилеп.