ПОВЕЌЕ

    Во март издадени 415 дозволи, за високоградба 220

    Време зa читање: < 1 минутa

    Расте интересот за градење. Во март се издадени 415 одобренија, чиј број е за 11,3 проценти над дозволите добиени една година пред тоа.

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека предвидената вредност на планираните објекти изнесува 5.589.059 илјади денари, односно 90,6 милиони евра. Тоа, пак, е за 21,9 насто повеќе споредено со истиот месец од претходната година.

    Започнува GrowBiz Startup 2023 – Менторска програма за започнување на сопствен бизнис во Македонија

    Меѓу одобренијата, со 53 отсто доминираат објектите од високоградбата. Поточно, за таа намена се 220 од издадените дозволи за градба. За нискоградба се 108 одобренија или 26 проценти, а за реконструкција на објекти 87, што претставува 21 отсто од вкупниот број

    Понатаму, статистиката вели – од вкупно 415 објекти, на 229 (55,2%) како инвеститори се јавуваат приватни лица, а на 186 (44,8%) се фирми. За изградба се предвидени 478 станови, чија вкупна корисна површина изнесува 53.346 метри квадратни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично