Белгиската полиција изврши рација во дипломатската служба на ЕУ –European External Action Service (EEAS) во Брисел, како и во Колеџот на Европа во Бриж и приватни домови, како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ, а меѓу уапсените во рацијата се наоѓа и поранешната шефица на ЕУ-дипломатијата, Федерика Могерини, објави Еуроактив.
Рациите се случиле низ Белгија во раните утрински часови, при што полицијата заплениле документи и уапсила три лица за да ги испраша под сомнение за измама со јавни набавки, корупција и криминален судир на интереси.
Меѓу осомничените — според белгиските извори — е и Могерини, која сега е ректорка на College of Europe и директорка на Дипломатската академија, иако тендерот бил распределен за периодот 2021-2022, кога таа претходно ја раководела EEAS.
Околу 10 полицајци облечени во цивилна облека влегле во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во вторник во 7:30 часот наутро, наведува Еуроактив, повикуваќи се на сведочења на очевидци. Друг официјален претставник на ЕУ од дипломатската служба на ЕУ ја потврдил рацијата.
Основата на истрагата е наводен злоупотребувачки тендер и финансиски малверзации поврзани со финансирање на нова “дипломатска академија” — програма за обука на млади дипломати. Истражителите испитуваат дали Колеџот на Европа или неговите претставници имале претходно знаење за јавен тендер за финансирање на новата Дипломатска академија на ЕУ, годишна програма за обука на европски дипломати во Бриж, која е финансирана од ЕЈО.
Рациите се најновиот голем скандал што ги погоди институциите на ЕУ и ќе го зголемат притисокот врз Колеџот на Европа и неговиот ректор, Федерика Могерини, која порано ја водеше ЕЕАС, и започна втор петгодишен мандат во Бриж оваа година.
Белгиската федерална полиција од Западна Фландрија и канцеларијата на ЕУ за борба против измами, ОЛАФ, учествуваа во операцијата како дел од кривична истрага предводена од Јавното обвинителство на ЕУ (ЕЈО).
Колеџот на Европа, основан во 1949 година, се смета за завршна школа на ЕУ за дипломати и државни службеници, а меѓу поранешните студенти се и врвни политичари и функционери во европските институции.
Истражителите се фокусирале на околностите околу купувањето на зграда на Шпањардстрат во Бриж од страна на колеџот во вредност од 3,2 милиони евра, во која се сместени дипломати кои ја посетуваат академијата, изјавија четири лица запознаени со истрагата.
Колеџот на Европа ја купил зградата во 2022 година за време на период на финансиски тешкотии, а кратко пред ЕЕАС да објави тендер со кој подоцна на институцијата ѝ биле доделени 654.000 евра финансирање, изјавија две лица запознаени со истрагата.
Истражителите ги испитаа наводите дека Колеџот на Европа и неговите претставници имале пристап до доверливи информации за тендерот, кои требало да останат доверливи за да се овозможи фер конкуренција меѓу институциите кои се натпреваруваат да бидат домаќини на новата академија.
ОЛАФ, кој има административни овластувања да гони осомничени за измама со пари од ЕУ, интервјуираше неколку лица пред да ги достави своите наоди до ЕЈПО, задолжен за истражување и гонење на сериозни кривични дела против интересите на ЕУ, но сè уште никој не е формално обвинет.
Могерини, поранешната социјалистичка министерка за надворешни работи на Италија, која ја водеше ЕЕАС како висок претставник за надворешни работи помеѓу 2014 и 2019 година. Таа стана ректор на Колеџот во 2020 година и директорка на академијата при нејзиното основање во 2022 година.
Во периодот што е предмет на анализа, ЕЕАС ја водеше друг поранешен социјалистички министер за надворешни работи, шпанскиот Жозеп Борел.
Како шефица на ЕУ дипломатијата, Могерини честопати се изјаснуваше во поглед на напредокот на Република Македонија кон полноправно членство во Унијата, зборувајќи, притоа и за корупцијата. Таа во повеќе наврати истакнуваше дека „напредокот на земјата не е само во донесување закони, туку во институционален пристап“ — вклучувајќи борба против корупција и организиран криминал.
(Фото: Wikimedia Commons)
Аналитика








